Турска студентка го нарече Ердоган диктатор и заврши во притвор

by fokus

Турска студентка по новинарство е ставена во притвор поради навреда на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на социјалните медиуми, изјави нејзината адвокатка за ДПА.

Судот во провинцијата Трабзон на Црното Море во петокот наредил Бериван Била, 24-годишна студентка по новинарство на Техничкиот универзитет во Карадениз, да остане во притвор до судењето откако била уапсена еден ден претходно.

Судот во својата одлука за притвор цитирал ставови на Фејсбук со „навредливи“ изјави против претседателот, јави агенцијата ДПА која имала увид во документите.

Судот бил особено загрижен за еден пост од 10 јануари, во кој Била вели дека медиумите станале „слуга на диктаторот“, изјавила адвокатката Сецкин Туркоглу.

Била ги негираше обвинувањата на судот велејќи дека ја критикувала Владата и не го посочила конкретно Ердоган.

Била, која е членка на левичарската студентска група Колектив, објави статија во јули 2017 година, во која го критикуваше затворањето на новинарите, без да го именува Ердоган.

Поврзани новости