Финансиската полиција води постапка за спроведување на три јавни набавки од страна на Општина Карпош додека била раководена од Стевчо Јакимовски, во чиј дом денеска беше извршен претрес.
Како што изјави тој за медиумите, двете јавни набавки се спроведени во 2012 година и се однесуваат за бараките каде е сместена општината, додека третата јавна набавка е поврзана со изградба на плоштадот во Жданец.
Според Јакимовски, во првиот случај општината водела долгогодишен судски спор со компанијата-изведувач, меѓутоа не била повлечена банкарската гаранција, додека во вториот случај работите биле извршени согласно договорот.
Како што посочи Јакимовски, тој нема никаква одговорност, бидејќи потпишува одлука за јавна набвка, избор на најповолен понудувач и договорот со изведувачот, а се понатаму работат службите, вклучително и банкарската гаранција.
Според него, позадината на ова постапка е да се изврши притисок пред претстојниот референдум, кој лидерот на ГРОМ најави дека ќе го бојкотира.