ВМРО-ДПМНЕ негира дека бара амнестија: Одговорност ќе има за Анѓушев и бизнис-пајташите на Заев

by Фокус

Членот 353 за кој збори СДСМ е членот по кој актуелните владини функционери што криминално управуваат со државата ќе одговараат до последен, велат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на обвинувањата на СДСМ дека Христијан Мицковски барал измени на кривичниот законик со цел амнестија на поранешните функционери обвинети од СЈО.

„Одговорност ќе има за криминалците на власт кои делат државни пари на своите приватни фирми, и тоа броејќи во стотици милиони евра, токму по тој член ќе одговараат вицепремиерот чии фирми добија грантови за иновации и други државни тендери, пратеници, партијаши на СДСМ, членови на кабинетот на Заев кој во исто време се државни функционери и бизнис пајташи кои се богатат на грбот на народот“ се наведува во соопштението.

Поврзани новости