Комисијата за меѓународна трговија во Европскиот парламент го поддржа предлогот за доделување макрофинансиска помош за Северна Македонија до сто милиони евра за покривање на дел од нејзините финансиски потреби за оваа година, пренесува „БНР“.
Ќе се исплаќа во две транши, за што нашата земја мора да ги спроведе мерките договорени со ЕУ во областа на даночната политика, даночниот менаџмент, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватното партнерство, подобрувањето на деловното опкружување, реформите во судството и борбата против корупцијата
Другиот услов е задоволително спроведување на програмата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Европратениците забележуваат дека по делумно закрепнување од рецесијата после пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија е сериозно погодена од руската агресија во Украина.
Одлуката треба да биде изгласана на пленарната седница на ЕУ во јуни, а потоа и на Советот на ЕУ.