Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и ветер

by Fokus

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните од 17 до 27 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град.

Поврзани новости