312
На Универзитетот ФОН денеска ќе се одржи финалната дебата од Меѓународната натпреварувачка дебата „Скопје опен 2015“, организирана од Младинскиот образовен форум.
Од 24 до 26 декември на настанот се натпреваруваат повеќе од 80 студенти од Македонија во дебати на актуелни глобални тези поврзани со демократијата, човековите права, економските слободи и граѓанското оштество.
Финалната дебата, на која ќе се избере победникот, почнува денеска во 15 часот. Настанот е отворен за публиката и ќе биде пренесуван во живо на интернетската страница www.radiomof.mk/skopje-open-2015.