„Излези за воздух“ во понеделник пред Влада

by Фокус

Дваесетина граѓански здруженија и невладини организации денеска повикаа на протест за преземење конкретни мерки против енормното загадување на воздухот. Протестот под мотото „Излези за воздух“ ќе се одржи во понеделник пред Владата со почеток во 17 часот.

-Лошата вест е што пред некое време светската здравствена организација излезе со заклучок дека воздухот што го дишеме е канцероген. Загадениот е еквивалентно на тоа како да дишеме 5 до 6 цигари дневно или преку 2 500 цигари годишно. Тоа се шокантни статистики, шокантни бројки, ние како еко-активисти сме револтирани ги повикуваме граѓаните, мајките, татковците, баби, дедовци, ви повикуваме сите да дојдат тука во понеделник во 17 часот, да го кренеме нашиот глас, да испратиме порака до надлежните да бидат сериозни, сериозно да го сфатат проблемот, а не да го релативизираат, рече Игор Новевски од граѓанска иницијатива „Скопје Смог Аларм“.

Ораганизаторите на протестот велат дека тие во отсуство на институционална свет, самите ќе предложат до Владата сет мерки за тоа како да се намали загадувањето во сите градови.

Поврзани новости