0
Министерот за правда Игор Филков предлага зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите до 67 години.
Филков на денешната прес-конференција по повод 100-те дена Влада појасни дека законското решение ќе треба да се изгласа во најбрз можен рок бидејќи судството може да се соочи со проблем.
-Имаме реален проблем и работиме на промените. Мислам дека предложената граница ќе биде 67 години и ќе важи за сите судии, објасни Филков одговарајќи на новинарски прашања.
Граѓанската организација Коалиција „Сите за правично судење“ со анализа предупреди дека за десетина година драстично ќе се намали бројот на судии, а сега веќе повеќето судови работат со помалку од една третина од потребниот број на судии.