Филипче: Жената со коронавирус не претставувала опасност за другите патници, бидејќи инкубацијата била помината

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека жената заболена од коронавирус не била опасност за другите патници кои патувале со неа.

– Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација и соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажаа дека еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија. Непосредно по влегувањето во земјава, директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт не претставувала опасност за пренесување на болеста, рече Филипче.

Министерот најави дека сите што биле во комбето со пациентката ќе бидат соодветно тестирани, а анализи ќе се спроведат и кај членовите на нејзиното семејство кое ја превезло од Табановце до Инфективната клиника. Сите, исто така, ќе бидат ставени во 14-дневна изолација. Деталите за нивната состојба ќе бидат соопштени на следната прес-конференција во Владата, закажана за 20 часот.

Поврзани новости