Директорот на францускиот сервис за инфективни болести: Зошто властите не кажуваат дека лицата кои умираат од коронавирусот имаат други тешки болести?

by fokus
Во Франција од почетокот на кризата со коронавирусот, потврдени се 17 случаи, 11 се излекувани, 4 се се уште  на болничко лекување и две лица починаа. Двете починати лица боледувале и од „други болести”, јави дописникот  на МИА.
Ова го тврди докторот Ерик Кожа, шеф на сервисот за инфективни и тропски болести во болницата Питие Салпетриер во Париз,  каде еден  шеесетгодишен Французин заразен од новиот коронавирус, почина минатата ноќ.
Специјалистот им забележува на властите дека не го смириле доволно  населението.
-Зошто здравствените власти  не кажуваат дека лицата кои умираат  во Италија имаат 80 години,  од рак и други патологии. И во Франција,  зошто, не инсистираат на фактот дека двете починати лица имаа и други  болести? Има вистински проблем  во комуникацијата, вели тој.

Поврзани новости