Филипче: Засега нема потреба од дополнителни мерки за Куманово

by Frosina Fakova

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни мерки за Куманово, градот каде има најмногу заболени и починати од корона вирусот.

– Еден од критериумите врз основа на кои ги носиме одлуките, па и тоа дали се потребни дополнителни мерки се и тие од каде се позитивно докажаните пациенти, во смисла дали се од луѓето кои ги имаме во предвид, односно оние кои ги пратиме, значи тие кои се примарни контакти во самоизолација се луѓе кај кои е дијгностицирана болеста. Ако има поголем број на пациенти кои не можат да се поврзат со веќе дијагностицираните, не ја исклучувам можноста, може да разгледуваме и други мерки. Но засега не. Пред нас е еден целосно затворен викенд. Четврток, петок и сабота се закажуваат тестирања. Во Дебар се донесоа други мерки, кога немаше никакви мерки во државата, рече Филипче.

Во Куманово вкупно досега има 224 позитивни лица и 12 починати, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Тој побара воведување на 14-часовен карантин за оваа општина.

Поврзани новости