Министерот за здравство, Венко Филипче, ја обвини претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што денеска епидемијата на мали сипаници ја зема третата жртва, откако почина 13-месечно детенце.
-За жал веќе има три смртни случаи, морам да кажам дека ми е жал, но до тука не доведоа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа погубна политика на претходната партија на власт не доведе до тука, како и на силните антивакцинални кампањи – рече министерот во краткото гостување во вестите на 1ТВ.
Како што рече Филипче, две од починатите дечиња не можеле да се вакцинираат, едно поради здравствена состојба, а другото затоа што било премало.
Тој додаде дека секој ден има околу 4 до 5 нови случаи на заразени. Комисијата за заразни болести, која заседавала денеска во Министерството, одлучила од утре да се повикаат родителите да ги вакцинираат и своите 6-месечни бебиња кои не се вакцинирани.