Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти детали за заразената жена со корона вирус во Македонија.
„Пациентката околу 3 часот беше хопситализирана на Клиниката за инфективни болести и потврдено е дека е позитивна за вирусот. Нема простор за паника, таа е сместена во Инфективната клиника во Скопје. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија, а веќе две седмици била болна, но во Италија не е тестирата за вирусот корона. Ќе бидат истестирани патниците од комбето со кое патувале и ставени во 14 дневна инкубација. Ќе ги превземеме сите потребни мерки. Сега имаме новонастаната ситуација. Што се однесува до маската , таа мора да ја носи само заболено лице, другите ќе предизвикаат само инфекција“, истакна Филипче.