Филипче за неговиот заменик фатен во коруптивен скандал: Случајот треба да се расчисти до крај!

by fokus

Откако екипата на познатата емисија Фикс фаре на албанската ТВ станица Toп ченел Ин7 го сними македонскиот заменик министер за здравство Асим Муса како прима мито од пациент од Албанија за да му заврши работа за операција во болница во Струга, министерот за здравство  Венко Филипче, во изјава за „Фокус“ вели дека очекува случајот да се расчисти до крај.

-Институциите треба да го расчистат случајот до крај. Законот важи за сите и за сите треба да има неселективен пристап, изјави за „Фокус“ министерот Филипче.

На видеото кое го објави албанската телевизија се гледа како заменик министерот Муса се пазари со пациентот, односно со новинарот, како бара 1.000 евра, а како аванс зема 50 евра.

По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, Муса и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.

В.В.

Поврзани новости