Филипче: За наставата имаме две резервни сценарија

by fokus

Наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи, но во случај на влошување на епидемиолошката состојба, има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар, вели министерот за здравство Венко Филипче

„Во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Учениците ќе носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени“, напиша Филипче на фејсбук.

Тој апелира родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за, како што рече, да го заштитат семејството од ширење на болеста.

Поврзани новости