Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва во изјава за „Фокус“ ги демантираше шпекулациите дека има случај на заболен од коронавирус во Македонија.
Тој вели дека лично проверил и нема лице заболено од коронавирус. Повика да не шират шпекулации кои предизвикуваат паника.
Претходно денеска, Министерството излезе со низа превентивни мерки кои вклучуваат: Засилена контрола на сите гранични премини на патниците кои доаѓаат од критичните региони во северна Италија, обезбедување простор за изолација на патници во неколку медицински центри низ земјава и формирање кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции.
Патниците, пак, кои денеска со два лета од Милано пристигнуваат во Скопје и во Охрид ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани.
Обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.