Сведоци од „Таргет Тврдина“ земале хонорари од СЈО

by fokus

Двајца сведоци предложени од обвинителството во предметот “Таргет Тврдина” примиле пари од СЈО за работен ангажман, обвинија адвокатите на Мијалков, Јанкуловска и другите обвинети во предметот за масовното прислушување, објави телевизија Телма.

Едниот сведок на денешното рочиште во “Таргет Тврдина” потврдил дека бил ангaжиран од СЈО, другиот веќе сведочел минатата недела но адвокатите отпосле дознале преку порталот Отворени финансии дека и тој добил паричен надоместок.

Адвокатите ги открија сумите што ги зеле 2000 евра и околу 22 илјади евра. Обвинителите во овој предмет рекле дека прв пат слушаат дека сведоците што тие ги предлагаат давале услуги за СЈО.

Судиите побарале од нив дополнитлени информации за овие сведоци па ќе одлучат дали нивните сведочења ќе бидат дел од доказниот материјал. Преседан е за сведоци да бидат предлагани лица кои претходно биле анажирани од СЈО и за тоа добивале парични надоместоци обвинува одбраната.

Поврзани новости