Филипче: Во земјава има 20-тина соеви на корона вирусот, не е време да се тргнат маските

by fokus

Ситуацијата со ковид-19 во земјава засега е стабилна, но се уште не е време да се тргнат маските. Мора да бидеме претпазливи и, ако има ново влошување на епидемиолошката состојба, подготвени сме да воведеме нови рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче во утринското гостување на ТВ 24.

-Засега имаме една рамна линија. Се надевам дека и понатаму ќе биде така. Во секој случај, ја следиме ситуацијата и спремни сме да преземеме и нови епидемилошоки мерки ако има повторно влошување,
рече Филипче.

Тој истакна дека во земјава се идентификувани дваесетина соеви на коронавирусот, а дека деновиве се очекуваат резултатите од најновите испитувања на МАНУ впо однос на присуството на британскиот сој на вирусот,

Тој апелира граѓаните да останат претпазливи, нагласувајќи дека не е време да се тргнат маските.

-Треба да бидеме претпазливи. Засега ситуација е стабилна, болниците се испразнија, пополнети се само триесетина проценити од капацитетите. Со намалување на бројката на хоспитализирани се намалува и смртноста. Но, не знаеме на што е резултат новиот бран во западните земји. Ги следиме советите на доктор Фаучи. Тој дури препорачува да се носат по две маски, истакна Филипче.

Поврзани новости