826
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска го посети манастирот Св.Јован Бигорски и се сретнал со Епископ Партениј, Игумен Бигорски.
„На неформалната средба зборувавме и за престојните празници и важноста дека истите треба да се слават под заштитни мерки и со почитување на здравствените протоколи – задолжително носење маска, хигиена на раце и одржување дистанца“, сподели Филипче.