Филипче: Вакцините треба да ги добиеме во март

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека очекува вакцините против Ковид-19 кај нас да стигнат во месец март.

-Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние.  Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку Ковакс систелот, рече Филипче.

Премиерот Зоран Заев пак истакна дека тој ќе се вакцинира за да покаже дека вакцините се безбедни.

 

 

Поврзани новости