Заев: Не забрануваме едно семејство да слави во вила или во куќа на село, туку да нема групирање

by fokus

Премиерот Зоран Заев на прашањето дали ќе побара од функционерите да покажат пример и да останат дома за новогодишните празници, бидејќи сите вили се изнајмени, истакна дека очекува сите граѓани да прослават во кругот на своите семејства.

-Јас очекувам  сите функционери да бидат добар пример за граѓаните. Кампањата не за џабе се вика „Празнувај одговорно“.  Јас лично ќе бидам во мојот дом, со својата сопруга и со децата.

Неприкосновеноста на домот е уставна категорија. Дали ќе славиме дома или ако некој закупи вила и таму слави со своето семество, тоа е како дома. Ние не ги ограничуваме граѓаните да празнуваат, туку да не се групираат. Мерките се јасни и прецизни, истакна премиерот Заев.

Поврзани новости