Филипче: Вакцината против грип нема да биде задолжителна, но таа е многу важна!

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека дел од стратегијата во справувањето со КОВИД-19 е и да се зголеми бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип кои нема да бидат задолжителни.

Во изјава за телвизија „Алсат“ министерот најави дека ќе бидат вакцинирани сите лица постари од 65 години, а ќе има вакцини и за здравствените работници, како и за трудниците.

-Дел од нашата стратегија е двојно да ги зголемиме бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но таа и тоа како е важна мерка за заштита против КОВИД-19, особено за луѓето од најранливите групи. Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…, за тие кои сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, зашто за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата важна, кога се соочуваме со болест за која нема вакцина, нагласи Филипче.

Поврзани новости