Ситуацијата излегува од контрола во Бејрут: Демонстранти упаднаа во МНР

by Fokus

Десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против Владата, јавуваат светските медиуми.

Претходно полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.

Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.

Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне“.

Поврзани новости