950
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш потенцираше на мерките за заштита од корона вирусот. Како што нагласи тој, носењето на маска на отворено е многу важно за да се сопре ширењето на вирусот.
„Нема потреба да се препорачува нова рестрикција. Ние претходната недела препорачавме три мерки. Тоа го имплементираат и другите европски земји. Ако се носат маски на отворено, ќе се намали бројот на заразени“, порача денеска Филипче.