Министерот за здравство, Венко Филипче денеска објави дека термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk.
-Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk, напиша Филипче на Фејсбук.
Сепак, на истата објава има стотина коментари од граѓани кои велат дека тие се пријавиле пред 30.04 и имаат над 40 години, но термин се уште немаат добиено.