Министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на Куманово рече дека вкупно 210 вработени во болницата во Куманово денеска се тестирани со серолошки тестови, односно дали некој од нив е суспектен на ковид-19. Резултатите од тестовите не покажале индиции дека некој од тестираните може да е болен, суспектен или несвесно да ја пренесува болеста, информираше министерот за здравство.
-Куманово е град со специфична епидемиолошка ситуација со голем број на новодијагностицирани пациенти во ковид-19 во последните неколку дена. Но, во исто време е и град во којшто се тестираат голем број на пациенти кои во еден период биле во самоизолација поради докажан контакт со веќе заболени. Вработените во болницата се на висина на задачата. За жал, има одреден процент и од здравствените работници кои се заболени, но тие се наоѓаат во стабилна здравствена состојба, рече Филипче.