486
Приватните специјализанти ќе земаат плата и тоа ретроактивно ќе им биде исплатена целата сума на пари од моментот кога почнале да работат во клиниките, изјави министерот за здравство Венко Филпче за Канал 5.
Изјавата и потврда за платите на приватните специјализанти доаѓа откако седумдесет специјализанти преку отворено писмо адресирано до премиерот Зоран Заев бараат да се почитуваат дадените ветувања дека приватните специјализанти ќе бидат платени за нивниот труд и дека повеќе да не бидат деградирани.