Филипче: Состојбата на Спасовски е стабилна

by fokus 13:38
13:38

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека министерот Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, посочувајќи дека неговата состојба е стабилна.

-Министерот Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, поради висока температура. Неговата состојба е стабилна, истакна Филипче.

„Фокус“ денеска објави дека Спасовски е хоспитализиран, одткако добивме официјална потврда од МВР. Министерот пред три дена објави дека е позитивен на Ковид-19, а неговата сопруга од вчера е во изолација.

Поврзани новости