Филипче со тим од млади доктори оперираше на новогодишната ноќ

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче дел од новогодишната ноќ ја мина работно на Клиниката за неврохирургија. Тој оперирал пациент со тумор на мозокот.

-Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. 👏 Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!, порача Филипче.

 

Поврзани новости