18-годишник приведен откако нападнал полицаец

by fokus

Околу 18 часот во пред еден угостителски објект во скопската населба Кисела Вода се случил инцидент, при што физички бил нападнат еден полициски службеник.

-Полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(18) , од Скопје, кој при легитимирање поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив, оштетувајќи го стаклото од влезната врата на станбена зграда, велат од МВР за ТВ 21.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости