Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, информираа вечерва од Министерството за здравство.
-Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира.
Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, истакна Филипче.
Реакцијата на Филипче следува откако медиумите објавија дека секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник.