831
Утринава Комисијата за заштита од заразни болести со консензус донесе одлука да и предложиме на Владата да се вакцинираат сите вработени во јавниот сектор, вработените во локалната самоуправа, како и во сите владини институции. Поточно, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина, истакна на денешната прес конференција министерот Венко Филипче.
-Или вработените да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмногу 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или да имаат потврда дека имаат прележано ковид 19, не постара од 45 дена, или потврда од лекар специјалист дека не можат да се вакцинираат, истакна Филипче.
Тој истакна и дека препорачуваат до овие мерки да се приклучат и приватните компании.