Ако имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе, истакна Шеќеринска

by Fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека постојат две полувремиња како во фудбалот, во однос на новата влада во земјава и најавената интеграција во ЕУ.

-Ако ние немаме влада со полн капацитет, ако имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе и да бутка кон решение и кон почеток на преговори, ако кај нас во Скопје не гледа апетит за такво нешто, значи тоа е првото полувреме. И мислам дека тука треба да ја гарантираме безбедноста на владата, да биде јасно дека мнозинството е обезбедено и да бидеме во полн капацитет#, истакна  Шекеринска во гостувањето на Утрински брифинг .

Поврзани новости