Здравствените власти размислуваат за евентуално воведување рестрикции од наесен за невакцинираните граѓани, најави министерот за здравство Венко Филипче, а се со цел да се зголеми опфатот за имунизација.
Тој истакна дека граѓаните мора да сфатат дека вакцинацијата е единствениот спас од Ковид-19, па затоа најави дека од есен најверојатно на масовни настани и на отворено и на затворено би се присуствувало само со сертификат за вакцинација против Ковид-19.
-Нашите анализи покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран во висок процент. И ги чекаме анализите од опфатот на вакинација во градинките и училиштата. Свесни дека можеби и покрај тоа се што правиме нема да се зголеми интересот, затоа размисуваме за некаква форма на рестрикција. Не може да биде вакцинација задолжителна, за жал. Никаде во светот не е. И затоа мораме да размислуваме и за некои други алтернативни решенија – да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на затворено дали на отворено, дали во кина или културни настани само со таков сертификат и можно е тоа да го препорачаме од есенските месеци за да го зголемиме опфатот, рече Филипче.