Филипче: Само со растојание и носење маски ќе го спречиме ширењето на вирусот

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук уште еднаш апелираше на почитување на препораките на Владата со цел да се спречи ширењето на корона вирусот кој се уште е присутен на територијата на Северна Македонија.

„Анализата објавена во магазинот за медицина Лансет, а финансирана од СЗО на спроведени 172 истражувања во 16 земји покажува дека мерките како физичкото растојание и носењето маска го намалуваат ширењето на коронавирусот. Овие мерки, исто така мора да се практикуваат и во комбинација со одржувањето на хигиена и честото миење на рацете. Уште од самиот почеток на ковид-19, апелираме да се придржуваме и да ги почитуваме овие мерки за заштита. Само на овој начин ќе го спречиме ширењето на овој непредвидлив вирус“, напиша Филипче.

Поврзани новости