Филипче: Родилка од Скопје, заразена со Ковид-19, е примена на Инфективната клиника

by fokus

На денешната прес-конференција министерот Венко Филипче ги сподели најновите информации за Кови-19. Тој посочи дека денеска се оздравени рекорден број на заболени и тоа 126.

-Ова е највисоката бројка на оздравени, и се надевам дека овој тренд ќе продолжи, рече Филипче.

Тој посочи дека за жал се регистрирани и двајца починати.

-Пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, велат од министерството, рече Филипче.

Тој истакна дека на Инфективната клиника се примени нови три пациенти, од кои една родилка.

Поврзани новости