Филипче: Ризично е кафаните да работат по 18 часот

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека доаѓа период во кој што очигледно е дека можат да се случат поголеми групирања на граѓани посебно во угостителските објекти имајќи предвид дека доаѓаат новогодишните празници.

„Имавме дискусија во однос на времето кое треба да биде препорачано за затворање на угостителските објекти и тие прилично добро работат кога се почитуваат мерките. Така што во таа смисла сметаме дека до 18 часот со едно нормално почитување на постоечките протоколи за време на нивната работа, нема да биде дополнителен ризик. Но, повеќе часови по крај на работното време сметаме дека се ризик“, рече Филипче.

Поврзани новости