Захариева го споредува Тито со Хитлер

by Fokus

Во интервју за германскиот весник Велт, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева тврди дека Софија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку обратно, тие ги негираат правата на Бугарите, пишува Дојче веле.

„Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, заклучува Захариева во интервјуто за Велт.

Поврзани новости