Филипче рече дека не го познава бизнисменот Борче Марковски

by irena 21:56
21:56

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Клик Плус“ на тв 21 изјави дека не го познава Борче Марковски – сопственик на „Марковски компани“, човекот за кој се поставуваа прашања поврзани со одредени тендери и деловни релации. Филипче рече дека доколку постојат сомнежи за криминал, секој треба да одговара пред институциите.

Тој оцени дека актуелните обвинувања, како што ги нарече, се дел од „лажна кампања“ и обид за дискредитација, наведувајќи дека станува збор за политички напади чија цел е да се одвлече вниманието од суштинските прашања и проблеми.

Филипче за меѓународните безбедносни случувања рече дека внимателно ги следи состојбите во рамки на Алијансите.

Според него, генералниот секретар на НАТО во своите обраќања посочил на геополитички процеси и на позиционирањето на одредени држави во глобалниот контекст.

Филипче останува на ставот дека сите надлежни институции треба да постапуваат транспарентно, а политичките дебати да се водат со факти и аргументи.

Слични вести