809
Во тешка состојба се наоѓа хирургот Ѓорѓи Јота, кој синоќа беше прегазен од малолетник во Скопје, здобивајќи се со сериозни повреди. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска даде кратки информации за хирургот, која е на интензивна нега.
„Прегазениот доктор има тешки повреди на главата. Станува збор за нагмечување на мозокот и белите дробови. Во тешка состојба е поставен на респираторна машина“, истакна Филипче.