Милица Кузмановска: Колку може да издржи човек, два месеци голгота минав!

by Fokus 15:36
15:36

Фолк пејачката Милица Кузмановска по дваесет дена поминати во болница се врати дома. Открива дека се лекувала од Ковид-19 и од последиците кои и ги донела болеста, како и дека пред неа стојат уште предизвици.

-По дваесет дена изолација и лекување од корона вирус и последиците кои ми ги направи, оперативен зафат поврзан со наведеново, два месеци голгота… Се прашувам колку може да издржи еден човек, една жена барајќи сила во сопствената немоќ… Секогаш повеќе од тоа што знае и од очекуваното. Остана уште еден предизвик пред мене, ама не се давам, многу пати сум се кренала од пепелта како феникс, а овојпат се кренав од многу, многу пепел – раскажува Милица.

- Advertisements -

Додава дека убавата страна е во тоа што запознала нови пријателки за време на болничкиот престој, и заедно со нив го одбележала издавањето на нејзиниот нов албум.

-Сите се чувавме една со друга, си помагавме, делевме се. Им благодарам бескрајно, исто како и на сите мои блиски роднини, пријатели и колеги, кои постојано ми пишуваа и прашуваа како сум – вели Кузмановска која пред две години прослави јубилеј, 25 години на сцената.

Вики Клинчарова

Поврзани новости