658
Северна Македонија се уште се бори со корона вирусот, а загрижувачки е податокот дека бројот на заразени во последните неколку дена не опаѓа.
Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека пред нас е долга битка со оваа опасна зараза.
„Препораките на комисијата остануваат исти и бараме апсолутно да се почитуваат од сите граѓани. Пред нас е долга битка со вирусот и ние мора да научиме да живееме со него. Да ги почитуваме мерките кои се базираат на трите принципи – носење маски, одржување дистанца и хигиена. Мора да се почитуваат и здравствените работници и да се кажуваат точни информации. Само така ќе знаеме и пациентот по која патека ќе биде упатен“, истакна Филипче.