МВР: За 24 часа 1 022 казни за неносење маски

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала 1 022 прекршоци за неносење лична заштитна опрема на лицето, соопшти МВР.

Во последните 24 часа, според евиденцијата на Министерството, две лица не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.

Издадени се и 231 решение за изолација, а 161 лице потпишале изјава за самоизолација.

Поврзани новости