781
Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата, објави министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.
„Се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила за Итната медицинска помош за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники, како и нова улица зад Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со цел подобрување на пристапот кон оваа Клиника“, напиша тој.