530
Светската здравствена организација нагласува дека коронавирусот најтешко ја погодува постарата популација, но предупреди дека младите можат да бидат заболени од таа заразна болест.
-Денеска имам порака за младите. Вие не сте непобедливи, овој вирус може да ве стави во болница со недели, па дури и да ве убие – рече генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој ги повика младите да избегнуваат метеж за да не го пренесат вирусот на постарите лица.