742
Миностерот за здравство Венко Филипче даде поддршка за денешната Парада на гордоста која се одржа во Скопје.
-SkopjePride покажува дека нашето општество е зрело да поддржи различности. Денеска повторно потврдивме дека знаеме да рушиме бариери, дека треба да сме сплотени во позитивните промени во општеството, истакна министерот Филипче.
Денеска на парадата се појави и претседателот Стево Пендаровски како и министерките Радмила Шекеринска, Мила Царовска и Јагода Шахпаска.