Министерот Хоџа: Не можам да им објаснам на моите деца каква гордост се промовира на денешната парада

by fokus

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа на неговиот приватен фејсбук профил изнесе свој став за денешната Парада на гордоста.

„Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, семејните вредности се над сѐ. Тие се основа за градење на здрава иднина. Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата што се најавува. Ја почитувам слободата, како што ги почитувам и различните мислења за одредени теми, но за мене како јавна личност и како политички претставник на Движењето БЕСА во Владата сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето“, напиша Хоџа на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости