Филипче: Почитувањето на мерките е клучот за сопирање на ширењето на корона вирусот

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на порталот НОВА ТВ рече дека клучот е граѓаните да бидат свесни и да ги почитуваат мерките, за да се сопре ширењето на корона вирусот.

-Мора да се почитуваат мерките. Ова воошто не е шала, се работи за здравјето и животот на сите нас. Има фаза на болеста кога и човек да е заразен, а да нема никакви симптоми, фазата на инкубација. Мора да се луѓето свесни. Тоа е клучот на застанување на патот на ширење на вирусот, рече Филипче.

 

Поврзани новости