Филипче: Починатиот пациент имаше тешки повреди на градниот кош и белите дробови

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче денеска пред Клиничкиот центар потврди дека утрово на повредите им подлегна уште еден од пациентите примени на КАРИЛ по трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци.

-Стануваше збор за тешки повреди на градниот кош и на белите дробови. Станува збор за 38-годишен пациент кој се лекуваше на КАРИЛ. Денеска на Клиниката се сместени четворица пациенти кои имаат сериозни повреди. Информиравме за девојката и за нејзината состојба по вчерашната хируршка интервенција и тројцата пациенти кои исто така се во тешка состојба. Во болницата „8 Септември“ на интензивна нега се сместени пет пациенти, двајца и натаму се на респираторна машина, состојбата не им е сменета во однос на вчера. Тројца пациенти кои не се на респираторна машина, но исто така имаат тешки повреди се во критична состојба –  информираше Филипче.

Поврзани новости