Филипче побара да се спроведе истрага за верскиот собир во Струга

by Фокус

Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене, реагира министерот за здравство Венко Филипче откако денес се одржа масовен верски собир со Струга, на кој присутните не ги почитуваа мерките за држење дистанца и носење маски.

„Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче на фејсбук.

Поврзани новости